Во предградието на Минхен во населбата Неуперлах се гради 100 метри долг ѕид , со кој локалното население сака да се огради од кампот предвиден за сместување на бегалците.
Во кампот ќе бидат сместени околу 160 млади азиланти без придружба на возрасни. Локалното население,смета значително би опаднала вредноста на нивниот недвижен имот ако не се одвојат од азилантскиот центар. Воедно тие стравуваат и од бучавата која ја прават младите бегалци и од нивното однесување.
Ѕидот ќе биде висок четири метри.
OhridNews