Во месноста викана „Лозја“ во атарот на охридското село Рамне вчера бил пронајден човечки труп во распаѓање, информираше МВР.
Лешот е идентификуван како Томислав Алачов (42) кој од 28 мај годинава се водеше за исчезнат.
На телото немало траги од насилство, по што тоа било предадено на семејството.
Ова е втор ваков случај во охридско во последните два месеци. Во мај во атарот на село Лактиње беше пронајден машки труп во распаѓање, а истрагата утврди дека се работи за Спиро Ставрески, кој исчезна во февруари оваа година.
Првичните наоди на обдукцијата покажале дека Ставрески починал од насилна смрт, а сторителот (ите) на грозоморниот чин сеуште не е пронајден.