Мексиканците поставиле светски рекорд со 13 илјади танчери на забавата во чест на починатиот Мајкл Џексон во саботата, а во неделата маријачите собориле рекорд во заеднички настап во Гвадалахара, од каде и потекнува традицијата на маријачите.
Претставникот на Гинисовата книга на рекорди службено го потврдил присуството на 549 маријачи, 39 повеќе одколку минатиот рекорд кој бил поставен пред две години во Сан Антонио, Тексас. Овој меѓународен собир на маријачите ги собрал не само оние од Мексико, туку и од Венецуела, Колумбија, Чиле, САД, Канада, Јапонија, Шведска и Белгија.