Еден рибар во водите на Мексиканскиот залив наишол на двоглава бик ајкула. Ја открил во утробата на возрасна женка која ја уловил за време на една рутинска експедиција. Необичното суштество набрзо угинало, а рибарот го однел кај научниците во Флорида кои го проследиле до своите колеги на Универзитетот во Мичиген. Сето ова се случило уште во 2011 година, но истражувачите јавноста ја известиле дури сега, откако за тоа објавиле и научна вест во медиумите.
Велат дека прв пат видлеле ваков случај, и напомнале дека за било какви заклучоци за примери на мутација сепак би требало да видат уште слични примери. Со тоа ја демантирал тезата дека аномалијата настанала поради големата нафтена дамка која пред неколку години ги загадила бреговите на Флорида и Луизијана. Освен што имала две одвоени глави, малата ајкула имала и по две срца и стомачни органи, додека остатокот од телата бил споен во заедничка опашка.