Во мај во основните училишта почнува уписот на ученици во прво одделение. Уписите ќе траат до крајот на месецот односно 31 мај. Родителот односно старателот е должен во основно училиште да го запише детето кое до крајот на календарската година ќе наполни шест години.
Училишата во Охрид веќе ги објавија известувањата во кои точно се наведени сите потребни документи и условите за упис на учениците во прво одделение.
По исклучок детето може да се запише во прво одделение доколку наполни шест години до 31 јануари наредната година, по претходно барање од родителот, односно старателот, и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.
Минатата 2024 година образовниот процес во основните училишта на територијата на Општина Охрид го започнаа 435 првачиња, додека во 2023 – 445 првачиња.
Најголема бројка на запишани првачиња, сепак, се бележи во учебната 2022/2023 кога образовниот процес го започнаа 523 првачиња.
Низ годините наназад податоците говорат дека во учебната 2021/2022 се запишале 504 првачиња, во учебната 2020/2021 биле запишани 480, додека во учебната 2019/2020 биле запишани 483 првачиња.
Н.С.Ј.