Бројот на туристите во март во Македонија изнесува 31 971, што е за 21,2 отсто повеќе во споредба со лани, додека бројот на ноќевања пораснал за 19,9 отсто на  68 675, објави Државниот завод за статистика.

Бројот на домашните туристи во март,  е зголемен за 7,9 отсто, а бројот на странските туристи е зголемен за 31,6 отсто.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во наведениот период  е зголемен за 5,9 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 33,5 отсто.

Во периодот јануари-март, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 11,4 отсто и тоа: кај домашните туристи зголемувањето изнесува 1,3 отсто, а кај странските туристи е забележано зголемување за 20,9 отсто.

OhridNews
извор: Makfaks