Во текот на овој месец Народен театар Охрид ќе изведе четири претстави.
На 06.03.2019 година, среда, на репертоарот е “Аналфабет” – комедија според Бранислав Нушиќ, во режија Ѓорѓи Ризески.
Играат: Горан Стојаноски – Максим Благадуша, Никола Тодороски – Митре П. Клатипатлак, Стрезо Стаматовски – Румен Вујаклија, Адријана Билаловиќ Тодороска – Магдалена Лапајкоска – Дупева.
На 15.03.2019 година, петок, ќе биде изведена претставата „Стаклена менажерија“ од Тенеси Вилијамс, во режија на Софија Ристевска Петрушева.
Играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска и Филип Кипровски.
Следниот петок, на 22.03.2019 година, на репертоарот ена Народен театар Охрид е претставата „Метод“ (El mètode Grönholm) од Жорди Галсеран, во режија на Ирена Стеријовска.
Играат: Стрезо Стаматовски, Ивица Цонев, Елизабета Стефановска и Јаков Спасов.
На 27.03.2019 година, среда, ќе биде изведена претставата „Каде е пиштолот?“, работена по текст на унгарски автор Габор Ѓоргеј, кој за првпат е преведен и поставен во Македонија.
Во претставата што ја режира Дејана Николовска играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Ивица Цонев и Стрезо Стаматовски.
Картите за претставите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид.
Сите претстави почнуваат во 20 часот.
OhridNews