Полицијата во Марсеј забрани да се носат дресови од Пари Сент Жермен на јавни места во недела, кога клубот од главниот град на Франција го игра финалето од Лигата на шампиони против Баерн Минхен.
Во образложението од полицијата покрај забраната за носење на дресови од ПСЖ, стои и забрана за носење маски, шалови и капи, и избегнување на масовни собири на јавни места низ градот со цел да се избегнат инциденти и немили сцени, поради големата нетрпеливост на помеѓу симпатизерите на ПСЖ и Олимпик Марсеј.
Дека ривалството е големо помеѓу навивачите од двата клубови, покажаа потегот на поддржувачите на Марсеј, кои јавно од локалните кафе барови и ресторани побараа да не се емитува финалето од ЛШ.
Во недела ПСЖ ќе ја лови првата круна, додека Баерн Минхен шестата титула во најеминетното клупско натпреварување во Европа.
OhridNews