Во Македонија се регистрирани вкупно 102 лица кои се заразени со ХИВ, од што најголем број се млади. Во однос на корисниците на дроги официјалната бројка е дека во Мкедонија има над 8000 екстремни корисници на дроги, но реалната бројка е многу поголема, предупредуваат експертите
Ризикикот од инфекција со ХИВ вирусот е најголем кај младите, а најчувствителни групи се корисниците на дроги, младите кои се проституираат или даваат секс за пари, и мажите кои имаат секс со мажи, покажуваат научните истражувања. Според експертите опасноста кај младите да се заразат со ХИВ е голема затоа што тие всушност се скриена полулација.
„Ние не знаеме каде се младите, дека тие употребуваат дрога, или дека се проституираат за што и тие самите најчесто и не се свесни“ вели експертот Силвана Ончева . Според неа проблем е и тоа што младите немаат можност за користење на специјализираните центри бидејќи не се полнолетни. Тоа ги прави да бидат по ранливи, и затоа ќе треба да се прават програми кои треба да допрат до младите кои ќе им понудат доволно информации за заштита и превенција од оваа болест, во спротивно, можеме да очекуваме дека многу нагло може да дојде до ширење на ХИВ вирусот токму кај младата популација, додава Ончева.
Според неа најбитно од се е младите да се едуцираат и да им се укаже на последиците од ризичното однесување. За тоа, смета Ончева, потребна е мобилизација на целокупната заедница со цел превентивно да се делува на младите.
За заштитатата на младите од ХИВ стана збор на дводневната работилница за новинари што викендов се одржа во Охрид. Целта на работилницата на која учестуваа новинари од повеќе печатени и електронски медиуми и агенции од земјава беше запознавање на новинарите со проблемот на ХИВ и нивната улога во подигнување на јавната свест за потребата од поголема превенција на младите од дрога, проституција и другите видови на ризично однесување на младите кои јо зголемуваат опасноста од инфекција со ХИВ вирусот.
Г. Момироски