Од Министерството за здравство информират дека има доволно количини лекови, средства за дезинфекција и заштитни средства. Во тек е и имунизацијата против грип во сите центри за јавно здравје и овластени приватни здравствени установи, што според Комисијата за пандемски грип е
единствена превентивна мерка за заштита од грип.
Лекарите советуваат превентивни мерки како редовно миење раце, кашлање и кивање во марамче, редовно проветрување на просториите и избегнување контакт со заболено лице.