Во Македонија не е извршен увоз на краставици од Шпанија во кои беше откриена бактеријата хеморагична Ешерихија коли, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство. Поради претпазливост Македонија размислува да наложи задолжително испитување на пратките зеленчук од оваа земја.

Надлежните советуваат внимателно да се мие зеленчукот пред конзумирање и да се внимава на личната хигиена. Во Македонија досега не е регистирано ниту едно лице заразено од оваа бактерија. Одговорните институции ги повикаа граѓаните кои се враќаат од земјите во кои има заболени, доколку имаат болки во стомакот веднаш да се јават во најблиското инфективно оддделение.

Состојбата со бактеријата Ешерихија коли, најдраматична е во Германија., каде се регистрирани десетина смртни случаи. Тамошните власти смируваат дека заразата стивнува, но, додека не се утврди од каде доаѓа бактеријата порачаа да не се конзумира зеленчук.

OhridNews