Здравствениот систем во земјава има капацитет да изврши вакцинирање на 2000 до 2500 лица дневно. Ова го откри министерот за здтавство Филипче на прес конференцијата одржана денеска, на која соопшти детали околу набавката на 200.000 вакцини против Ковид 19 од кинескиот производител Синофарм, кои се очекува наскоро да пристигнат кај нас.

На дневно ниво со работа на пукнтовите со полн капацитет се очекува да се вакцинирааат од 2000 до 2500 граѓани. Вакцината е во форма на претходно наполнет инјекциски шприц и со тоа на некој начин се олеснува апликацијата. За секој граѓанин кој што ќе ја прими првата доза веднаш ќе биде резервирана и втора што треба да се прими после 21 ден што значи дека со оваа пратка на вакцини имаме вакцини за 100.000 лица, додаде Филипче.

Во однос на категориите, министерот информираше дека, согласно планот први се вакцинираат сите лица од најризичната група, таа е поделена на две групи, во првата група се здравствените работници кои работат во Ковид центри со ковид пацинети.

Здравствените работници од Клиничкиот центар ќе се вакцинираат на едно место на еден пункт предвиден за тоа, тука ќе се вакцинираат и останатите од тимовите коишто работат со Ковид. Останатите здравствени работиници од Скопје ќе се вакцинираат во Поликлиниката во Букурешт. Здравствените работници од другите градови во Здравствените домови во рамките на тамошните вакцинални пунктови, таму каде што живеат и работат, додаде Филипче.

Министерот рече дека со оглад на тоа што сега се обезбедува поголема количини, иницијално во втората приоритетна група можност за вакцинација добиваат сите грѓани над 70 години.

Во втората фаза се вакцинираат лицата постари од 65 години, лица од 18 до 64 со коморбидитети или здравствени состојби со висок ризик, здравствените работници од Институтот за јавно здравје и Центрите за јавно здравје, фармацевтите, стоматолозите и другиот здравствен персонал, вработени во други витални институции, критична инфраструктура и новинарите, вработени во образовните институции и градинки. Во третата фаза останатите преостанати лица од повеќе групи од други важни дејности како прехрана, транспорт, производство на лекови, комунална хигиена, банкарски сектор, земјоделие, останати вработени во образование во здравство со низок ризик на зараза, лица кои што не можат да одржуваат физичка дистанца и на крајот практично сите граѓани коишто сакаат да примат вакцина на возраст од 18 до 64 години, наведе Филипче.

OhridNews