Во мај ќе има порамнување на сметките за електрична енергија, така што сите потрошувачи што добиле повисока сметка во април од она што реално го потрошиле, во мај ќе платат помалку или обратно, информираат од компанијата.
Оттаму објаснуваат дека новиот модел за пресметување на потрошената електрична енергија, се воведува во насока на унапредување на начинот напресметување на потрошената електрична енергија. За потрошувачите тоа ќе значи поефикасен начин за пресметување на електричната енергија.Од ЕВН уверуваат дека новиот систем овозможува и поголема флексибилност – сметките за потрошена електрична енергија граѓаните да ги добиваат на адреса на која тие ќе ја изберат, со што според ЕН, ќе се подобри евиденцијата и за потрошувачите и за компанијата.
Со новиот систем потрошувачите ќе бидат поделени во 4 групи, со што секоја група почнувајќи од мај ќе добива сметка во ист период од месецот, во зависност од тоа во која група се паднал.
извор: „Макфакс“