Од први јуни 2010 година жителите на Лос Анџелес во продавниците нема повеќе да добиваат најлонски кеси, туку ќе можат само да купуваат хартиени, и тоа за 25 центи, одлучиле локалните власти.


Целта на новата уредба, како што соопштуваат одговорните, е да се намали отпадот во градот во кој за време од една година при купување во продавниците се трошат приближно 2,3 милијарди најлонски кеси.

Прв американски град кој донел слична уредба е Сан Франциско, во кој забраната за продажба на најлонски кеси ќе стапи на снага од ноември оваа година.