Кошаркарската репрезентација на Македонија не успеа да избори пласман на
Олимписките игри во Лондон, откако во загуби од Доминиканска
република со 76:86.

Македонија, единствена од репрезентациите од просторите на поранешна
Југославија имаше можност, која не ја искористи, да настапи во Лондон и
да го одржи континуитетот на некогашната југословенска школа и да го
забележи најголемиот успех на тимските спортови во нашата држава.

Ова го забележаа и шпанските интернет портали кој пишуваат дека за прв
пат по 1956 година и ОИ во Мелбурн, кошаркарскиот турнир ќе мине без
репрезентации од просторите на поранешна СФРЈ.

Кошаркарите на поранешната држава беа редовни учесници на ОИ во периодот
1956-1988, во 1992 Југославија поради санкциите на Обединетите нации не
настапи во Барселона, но континуитетот го продолжи Хрватска, која тогаш
стигна до сребрениот медал.

Четири години подоцна во 1996 година во Атланта учествуваа
репрезентациите на Хрватска и СР Југославија, која настапи и четири
години подоцна во Сиднеј. Во Атина 2004 играше репрезентацијата на
Србија и Црна Гора, а во Пекинг 2008 година настапи Хрватска.

“макфакс“
Ohridnews