Еден познат ланец на барови од Лондон наесен ќе започне да го продава коктелот „Секс пиштол“, мешавина на сладолед и коктел со дејство како вијагра. Се работи за микс на билоба, гуарана и аргинин, состојки кои го зголемуваат либидото, во комбинација со абсинт. Бидејќе станува збор за коктел кој дефинитивно ќе го забрзува крвотокот, секој купувач ќе може да добие само по еден.


Основачот на ланецот барови вели дека станува збор за одличен десерт. Според неговите зборови само еден „Секс пиштол“ ќе ве подигне и ќе ви ја зголеми самодовербата. Тој на смеа ги замолил купувачите да не го напаѓаат персоналот во баровите. Сладоледот ќе чини околу 10 евра и ќе се служи само на полнолетни.