Денеска од 20:30 часот во летната бавча при Центарот за култура „Григор Прлилев“-Охрид, продолжува циклусот „Денови на македонскиот документарен филм“, во организација на Филмскиот фонд на Република Македонија.

На програмата се три филмови  и тоа „Шарски зраци“ во режија на Арбен Тачи со времетраење 48 минути, “Чедо“  на Аљоша Симјановски во времетраење од 45 минути и “Корен“ во режија на Ацо Ристовски во  времетраење од 34 минути.

Влезот е слободен.

OhridNews