Скараџиите и месарите од Лесковац го срушиле сите досегашни рекорди правејќи плескавица од 51 килограм, три килограми потешка од минатогодишната плескавица. Припремањето и печењето се одвивало пред илјадници присутни луѓе, а највозбудлив момент бил компликуваниот процес на вртење на плескавицата при печењето.
Тоа успеале да го сторат без да ја оштетат плескавицата по што се слушнал громогласен аплауз. Пречникот на плескавицата бил 127, а дебелината 3,2 сантиметри. Дел од плескавицата бил поделен на публиката, а дел на Геронтолошкиот центар во Лесковац.