Еден од градовите домаќини на Европското првенство во Франција, Ленс донесе одлука на денот од одигрувањето на мечевите баровите, хотелите и сите угостителски објекти да не служат алкохолни пијалоци.


Полицијата во Ленс ќе воведе и полициски час, а ќе има дозвола да го претресе секој автомобил кој ќе се наоѓа околу стадионот.

Градот Ленс ќе биде домаќин на три мечеви од групната фаза Англија – Велс, Албанија – Швајцарија и Чешка – Турција еден осминафинален натпревар.

Британската полиција упати апел до сите свои жители кои немаат билети да не патуваат во француските градови, а се очекува околу 500 000 навивачи од Британија да пристигна низ француските градови.

Континенталниот собир почнува на 10 јуни, а завршува на истиот датум во месец јули.

OhridNews