Голем број верници денес присуствуваа на богослужбата по повод празникот на светите маченички Софија, Љубов, Вера и Надеж, што се одржа во малата истоимена црква во месноста Лагадин крај Охрид.
Како и секој година традицијата на овој ден е да се осветат празничната софра и вода, а граѓаните трпеливо во редици чекаа да запалат свеќа во малата црква. Во Лагадин дојдоа и голем број охриѓани и охриѓанки кои ги носат имињата на маченичките.
Малата црква во Лагадин посветена на светите маченички Софија, Љубов, Вера и Надеж, во 2000 година ја изгради охриѓанецот Љупчо Патче, кој средствата кои се собираат во црквата на овој ден ги донира во хумани цели.
OhridNews