Британецот Лојд Хеферман бил со пријателите во еден паб во Петерборо. Персоналот му вратил кусур во кој нашол ретка монета од 20 пени. Кралската ковачница по грешка пуштила во оптек 200 илјади кованици на кои не бил испечатен датумот, за што се верува дека е прв пат во 300 години.
На интернет до сега се продале повеќето од овие монети, а една достигнала цена од 5 илјади евра. Хеферман бил воодушевен од откритието и веќе добил неколку понуди, но не сака да ја продава. Иако ги има 200 илјади, шансите да се налета на една од нив се многу мали. Во оптек има повеќе од три милијарди кованици од 20 пени.