Во рамките на ЛУНУС, синоќа во културно-информативниот центар „Култура 365“ проф. д-р Јованка Денкова од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип го промовираше Зборникот„Штипски роднокрајни писатели“.

Во својата презентација таа зборуваше одделно за сите петнаесет застапени книжевни творци по потекло од Штип кои воедно се и членови на ДПМ.

Вечерта беше разубавена со читање поезија од присутните гости, меѓу кои имаше познати поети, но и млади вљубеници во поезијата, како Исидора Костоска, ученичка од Охрид.

OhridNews