Во куќата на Уранија, која комплетно ќе биде реконтруирана за да се заштити, ќе биден вграден лифт. Ова е една од новините кои архитектите ќе ги вградат во внатрешноста на куќата на Уранија, со која во иднина ќе располага Македонската академија на науките и уметностите.


Во новата Уранија ќе биде вграден и лифт

Од Заводот и Музеј, кој е носител на проектот за реконструкција на Уранија, велат дека со вградувањето на лифтот и некои други модерни детали во внатрешноста, нема да се наруши автентичноста на овој вреден споменик на културата од XIX век. Покрај лифтот во Уранија ќе бидат изградени и санитарни јазли. Тоа се прави од практични причини и нема да го наруши изгледот на  објектот, туку ќе ја подобри неговата функционалност, велат од охридскиот Завод и Музеј.

Уранија деновиве се разградува кат по кат до камените ѕидови, по што ќе биде  реконструирана идентично како што изгледа сега. Во изградбата ќе се користат современи материјали за да се зацврсти статиката на куќата која е комплетно нарушена, поради што постоеше опасност таа да се урне.

Г.М.