Охриѓани и гостите во градот, од викендов,во Куќата на Робевци, имаат можност да ја посетат првата самостојна изложба на нашата сограѓанка Емел Махмуд.
Како што вели Махмуд, инспирацијата за своите дела ја наоѓа во градот Охрид, природата. На дел од нејзините слики може да се видат и Дервишите и нивната безгранична љубов кон Бога и универзумот. Делата на Махмуд, сликани во сув пастел,љубителите на ликовната уметност можат да ги видат до 8- ми август.
Емел Махмуд основното образование го стекнала во ОУ „Братство и единство“. Со средно образование продолжува во гиманизјата „Св. Климент Охридски“,по што се запишува на факултетот за ликовни уметности на универзитетот „ Св. Кирил и Методи“ во Скопје. Работи како наставник по ликовна уметност во ОУ „ Братство и единство“.
Има учествувано на голем број колективни изложби во Македонија и Турција.
OhridNews