Полицијата во Калифорнија уапсила училишен наставник кој во својата куќа чувал најмалку 300 змии. Полицијата во јужниот калифорниски град Санта Ана извршила претрес во куќата по жалбата на соседот кој објаснил дека од куќата се ширела неподнослива смрдеа. Притоа пронашла помеѓу 300 и 400 питони од кои некои биле мртви.
Како што пренесуваат агенциите, змиите се наоѓале во пластични кофи распоредени во пет соби заедно со глувци и стаорци. Полицијата 53-годишниот наставник Вилијам Бакман го привела поради несовесно постапување кон животни.