Куба нема повеќе суровини за производство на сопствена тоалетна хартија, а поради смалувањето на увозот за 20 проценти, се чини дека нема да може да го набави ниту од други земји. Државната компанија „Цимекс“ која ја снабдува Куба со тоалетна хартија морала да го објави предупредувањето.


Куба увезува и произведува сопствена тоалетна хартија, но моментално немаат доволно суровини за да произведуваат. Оваа година поради економската криза два пати го намалила буџетот и го ограничила увозот. Во продавниците тоалетна хартија има се помалку, а хотелите ќе мораат да се снајдат сами и да набават залихи.