Јубилејното, десетто по ред по ред издание на Вигор Бармен Куп, најстарото и најголемо коктел натпреварување во Македонија, ќе се одржи на 2 и 3 октомври, во Куба Либре, во Охрид. Учесниците ќе се натпреваруваат во категоријата „класика“, а жири во кое членуваат еминентни коктел стручњаци од Хрватска, како и претставник на Бадел 1862 Загреб внимателно ќе ги следат нивните техники на подготовка, и ќе ги оценуваат коктелите.

Освен начинот на подготовка, жирито ќе ги оценува и бојата, вкусот и мирисот на секој коктел, што дополнително го прави натпреварувањето своевиден коктел-предизвик. Моментален шампион во „класика“ е Васил Пеевски од Скопје, победник на ланскиот Вигор Бармен Куп кој се одржа во кафе-барот Министерство во Куманово.

Натпреварот започнува на 02.10 во 10:30 часот, со пријавување и регистрацијана натпреварувачите, а полуфиналето почнува од 12:00 часоткаде претходно селектирана група на едни од најдобрите македонски бармени ќе ги покаже своите таленти. Купот завршува со финалето кое ќе се одржи следниот ден (03.10) во 12:00 часот.

Интересно за публиката, покрај тоа што ќе бидат забавувани од Мартин Најтинајн, е тоа што сите коктели кои ќе се направат за време на натпреварот може да бидат бесплатно дегустирани. Задолжени за музичкиот дел од настанот ќе бидат Robbie Ray the LED Robot и Mirror Man. Исто така, публиката ќе ја забавува и Марио Мајцен, повеќекратен хрватски шампион во флер – атрактивно подготвување коктели.

Ова е десетто издание на Вигор Бармен Куп, кој прерасна во своевидна традиција, чија основна замисла е коктел-културата да се издигне на повисоко ниво и да го заземе вистинското место во Македонија.

Настанот е во организација на Бадел 1862 Скопје.