Музичарите и пејачите од Куба кои ќе изведуваат песни со вулгарни содржини или песни кои се „спротивни на етичките стандарди“, во иднина ги очекува казна, соопштил кубанскиот институт за музика.

Одлуката е донесена по многубројните жалби од јавноста поради вулгарностите во поедини песни кои се изведуваат на телевизија и на радио.

Посебно внимание ќе биде посветено на „агресивните, сексуално експлицитните, вулгарни стихови, како и стиховите кои ја извртуваат вродената сексуалност на кубанските жени, претварајќи ги во сексуални објекти“.
На музичарите им   е потребна дозвола за работа во Куба, а тие кои нема да се придржуваат на правилата, ризикуваат да ја изгубат дозволата за работа.