Во рамки на Охридската научна и уметничка визита 2019, што се организира во Куќата на Уранија-МАНУ, Охрид, вечерва, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложбата на стари фотографии на Курт Хејлишер (1881-1948) германски фотограф, кој патувал интензивно низ Европа во 1910тите, 1920тите и 1930тите години.
Автор е на неколку значајни и успешни книги со земјописи, архитектура и фотографии за Италија, Шпанија, Германија.
Поради својата работа поканет е во Белград од страна на тогашната власт на кралството СХС (кралство на Србите, Хрватите и Словенците). Направил над 1200 фотографии почнувајќи од Словенските Алпи па се до Струмица. Хејлешер сам избрал 191 фотографија и објаснил дека “сакал да го покаже атрактивниот различен карактер на земјата, архитектурата и начинот на живот на Југословените. Не сакав да создадам колекција на разгледници”.
OhridNews