Во крвта на Ејми Вајнхаус немало ниту една илегална супстанција, покажале резултатите од токсиколошката анализа, а потврдиле портпаролите на нејзиното семејство. Во официјалното соопштение на лондонската полиција пишувало дека кај пејачката биле пронајдени траги од алкохол, но сеуште не е утврдено дали тие влијаеле за трагичната смрт на пејачката.
Портпролот на семејството Вајнхаус изјавил дека семејството се заблагодарува на полицијата за нивната темелна истрага и за тоа што цело време ги известувале за деталите поврзани со смртта на Ејми Вајнхаус. Крајните резултати од анализата се очекуваат во октомври. Пејчаката починала на 23 јули во Лондон на 27-годишна возраст.