Притисокот врз здравствениот систем кој повеќе од една година се бори со коронавирусот Ковид 19, не попушта. Третиот бран во Охрид секојдневно носи по неколку десетици новозаразени. Дел од нив со потешка здравствена слика, завршуваат на болничко лекување.
Според денешните информации, во ковид центрите во Охрид се лекуваат 144 пациенти со Ковид 19. Во Општата болница Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, додека во ковид центарот во Кардиолошкиот завод во Охрид во моментов се лекуваат 34 пациенти со Ковид 19. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1684 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Слободни се околу 230 кревети.
OhridNews