Вкупно 589 пациенти позитивни или суспектни на корона вирусот се лекуваат во ковид центрите во болниците низ државата, покажуваат податоците од Министерството за здравство за изминатите 24 часа.

Во ковид центарот во Охрид се лекувцаат 63 пациенти. Во Битола се хоспитализирани 54 пациенти, а во болницата во Штип 38 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 24 пациенти, во Велес се лекува 41 болен, а во Куманово 95 пациенти. Во ковид центарот во Прилеп се лекуваат 81 лице, во Гостивар 26, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 37 пациенти, во Кочани 7, во Кичево 9, Кавадарци 73, во Гевгелија 10 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 995 и има околу 400 празни болнички кревети во ковид центрите.

OhridNews