Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со повремни врнежи од дожд, на планините слаб снег. Ќе дува умерен, на места повремено засилен северен ветер.
Максималната температура во Охридскиот регион ќе достигне до 9 степени Целзиусови, информира УХМР.
Во петок ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди и со умерен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 11 степени.
OhridNews