Во Костарика е откриена нова врста жаба, и тоа не било каква. Со своите големи испакнати очи и силната зелена боја на телото, неодоливо потсетува на популарниот лик од Мапетите, жабецот Кермит. Службеното име на ова жаба е Hyalinobatrachium dianae и всушност е врска стаклена жаба.
Тоа значи дека и кожата и ткивото и се релативно провидни, поради што и се гледаат внатрешните органи, јавуваат од Костариканскиот центар за истражување. Во Костарика постојат 14 врсти стаклени жаби, а последната е откриена уште во 1973 година, поради што не чуди посебното возбудување во редовите на љубителите на водоземците.