Викендов, во просториите на Градската библиотека „Тими Митко“ во Корча- Република Албанија, беше промовирана збирката раскази „Сто години копнеж“ од Мишо Јузмески.
Домаќин и организатор на настанот беше Македонскиот културен центар „Сонце“ од Корча. На промоцијата присуствуваше и Едмонд Темелко, градоначалникот на општината Пустец. Домаќин и водител на програмата беше Васил Стерјовски, познат активист од редовите на македонското малцинство во Албанија.
За творештвото на Јузмески зборуваше охридскиот книжевник Тоде Илиевски, а свој осврт врз книгата „Сто години копнеж“ имаа м-р Лидија Размоска од Охрид и Драги Башевски од Прилеп. Претставувањето на книгата започна со изведба на македонската химна којашто ја отпеа Ратко Ѓорѓиески од Прилеп.
OhridNews