Во сабота во Градската библиотека „Тими Митко“ во Корча, Р. Албанија, охридскиот автор Мишо Јузмески ќе го промовира своето најново литературно остварување „100 години копнеж“.

Книгата која изминатиот викенд беше промовирана во КИЦ „Култура 365“, претставува збирка раскази во кои се вткаени приказни од секојдневието, кои на повеќе начини можат да прикажат различни емотивни состојби.

OhridNews