Актуелниот шампион Шкендија беше подобра од освојувачот на Купот, Металург победувајќи со 2-1 и за прв пат во историјата на македонскиот фудбал го освои Суперкупот.


Тетовци дојдоa во предност во раниот почеток на мечот по прецизно изведениот пенал на Мустафи. На 2-0 зголеми Сали, додека почесниот гол за “зелените“ го постигна Стевановиќ на истекот на регуларните деведесет минути.

Во судиското надополнување Љамчески ја затресе мрежата од недозволена офсајд позиција, а во послендите моменти на мечот, Илијоски беше соборен од голманот на “црвено-црните“ во казнетиот простор, но за судијата Мечкароски тоа не беше доволно за најстрога казна.

М.П.