По претходно преземени интензивни мерки, а постапувајќи по три судски наредби за сторени кривични дела: „насилство“,„тероризам“ и „казнување за подготвување“ од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со оружје во СВР-Скопје заедно со припадници на единицата „Алфа“и ЕЈРМ во селото Кондово пронајдено е и лишено од слобода 53- годишно лице од селото. Како што информираат од МВР, по изречената мерка притвор истиот е спроведен во КПУ„Скопје“.

Лицето во крим евиденцијата на МВР се води за неколку сторени кривични дела, меѓу кои здружување заради непријателска дејност, подготвување на терористичко загрозување, злосторничко здружување, предизвикување општа опасност, тешки дела против општата сигурност, недозволена трговија со дрога, за што од страна на судот му биле изречени и затворски казни. 

OhridNews