Вечерва, во познатиот охридски клуб Џез Ин ќе настапат најпознатите и најдобри имиња од балканската стендап сцена- Александар Перишиќ и Никола Силиќ од Србија, Марина Орсаг од Хрватска. Во улогата на домаќин ќе биде Никола Тодороски.
Марина Орсаг, се вбројува меѓу најискусните стенд ап комичари на Балканот. Во својата десетогодишна кариера зад себе има над 1700 одработени настапи, меѓу кои и оној пред екс претседателот на Хрватска, Стипе Месиќ.
Комичарот Александар Перишиќ секогаш со својот хумор допира до публиката,а е познат и по тоа што секогаш пуши на сцена.
Како што изјавува комичарот Никола Силиќ за себе- борец е против човековата глупост, верува дека не е песимизам ако си во право и дека песимизам е ако отпееш нешто.
Почеток на шоуто е во 22 часот. Билетите по цена од 200 денари може да се набават во музичката продавница Зизи Топ.
OhridNews