Во четврток во КИЦ „Култура 365“ ќе се оддржи средба во чест на Нијази Лиманоски, борецот за семакедонско обединување. Повод за оваа средба е 20 годишнината од објавувањето на неговата книга „Исламизацијата и етничките промени во Македонија“.
 
Д-р Нијази Лиманоски како познат и признат општествен работник на полето на науката, културата, просветата, образованието бил основоположник на движењето на културно-научните манифестации на Македонците муслимани, автохтона организација создадена од исламизираните Македонци во 1979 година со задача да го буди и развива националното чувство на Македонците муслимани кон својата македонска национална припадност.

Познати трудови на Лиманоски, покрај оние објавени во многу научни списанија се: „Исламската религија и исламизираните Македонци“, научните трудови во зборниците „Македонци муслимани“, „Историја, фолклор и етнологија на исламизираните Македонци“, „10 години на Културно-научната манифестација на Македонците муслимани“, „Националниот идентитет на Македонците муслимани“ во коавторство со Стојче Дојчиновски- Росоклија, и многу други.

OhridNews