Во недела во КИЦ „Култура 365“ ќе биде претставен единствениот весник на Македонците од пиринскиот дел на Македонија, „Народна волја“.
Првиот број на весникот се појави на 1 октомври 1980 година во Сиднеј, Австралија. Основачи беа македонските патриоти Александар Христов, Крсто Енчев, Ангело Вретовски, Георги Чочков, Митре Мојсовски и други. Од 1981 година весникот излегува во Лондон, Англија.
Од април 1992 година весникот излегува во Благоевград, Пиринскиот дел на Македонија.
OhridNews