Вчера во Културно-информативниот центар „Култура 365“, традиционално беше отворена изложбата за животот и делото на холандскиот писател и новинар А. ден Долард.

За човекот кој претставува нераскинлива врска помеѓу Охрид и Холандија, пред присутните се обрати публицистот и новинар Мишо Јузмески.

А. ден Долард е човек што живеел 93 години, напишал 50 книги, објавил  илјадници статии во различни венсици и го видел целиот 20-ти век. Но она што е најзначајно за нас е тоа што Долард е човек кој на Охрид и на Македонија во целина, им пружил рака на пријателство во оние моменти кога никој не не сакал и никој не не познавал. Тој доаѓа во Охрид во 31-вата година кога градот не бил воопшто развиен, но сепак го засакал тој наш народ, го почитувал и го овековечил во неговите книги.“ – истакна Јуземски.

Тој потенцира дека во 5 книги од богатото книжевно творештво на А. ден Долард, Охрид и Македонија се неговата директна инспирација, а музејот посветен на овој холандски доајен претставува потсетник на неговата работа, односно нераскинлива врска помеѓу македонскиот и холандскиот народ.

Ние како културен центар, според нашите можности кои се повеќе од скромни, се трудиме да го овековечиме некоговото значење и име. Затоа нашата врата е секогаш отворена во текот на целата година. И од повеќето активности кои што се спроведуваат во овој културен центар, најзначајно за него е таа мала собичка која што може да конкурира за најмал музеј на светот. Но значењето е многу битно, бидејќи тој мал простор е една врска меѓу Охрид и Македонија од една страна, односно Холаднија од другата. А. ден Долард заслужил повеќе од она што сме го направиле  до сега. Треба да направиме уште повеќе, за да остане во сеќавањето на нашето поколение.“ – додаде Јузмески.

Свое обраќање во Културно инфорамтивниот центар „Култура 365“, имаше и м-р Лидија Размоска.

Да требаше да се врати на нашите претци се она што ни го дале, од нас би останало малку. Сета мудорст презентирана во книгите од оние кои пред нас го живееле живиотот, претсавува непроценливо богатство за секој човек. Книгите на холандскиот писател и пријател на Македонија, А. ден Долард,  значат токму тоа.“ – истакна Размоска.

Во периодот кој следува, КИЦ „Култура 365“ на граѓаните ќе им понуди две постојани изложби, меѓу кои изложбата на фотографии од Мишо Јузмески,  литературно претставување од охридските поети кои се уште творат, односно  промоции на книги.

O.T.