Денес, сабота, со почеток во 19. 00 часот, во културно-информативниот центар „Култура 365“ на улицата „Цар Самоил“ во Охрид ќе биде отворена самостојна изложба на фотографии од холандскиот уметник Мелани ван де Керкхоф.
На изложбата насловена „18 погледи на Хелмонд“ преку 18 фотографии авторот ќе претстави различни аспекти од животот во својот град. Изложбата ќе биде отворена до крајот на месецот.
OhridNews