Во специјалниот центар за репродукција на пандите во Кина на први јули бил роден пар близнаци од оваа загрозена врста животни. Младата женка панда по име Суисиу за прв пат донела на свет близнаци во центарот за зачувување и истражување на големите панди.  Женката целото внимание го посветила на првороденото младенче, што му онвозможило на вработените да го прегледаат.


Затоа се посветиле на второденото младенче, кое било напуштено од мајката. Ова е вообичаена појава кај пандите кои доколку добијат близнаци се грижат само за првороденото младенче. Напуштеното младенче е женско кое е во добра здравствена состојба.