Поради високите трошоци за лекување во здравствените установи, во Кина е се позастапена терапија со оган во рамките на традиционалната кинеска медицина, а која лекува стрес, лошо варење, стерилитет, па дури и некои облици рак. Кинеските исцелители наведуваат дека ова е одамна познат метод со стимулирање на акупунктурните точки со топлина. Терапевтот Џанг кој обучува студенти во својот стан во Пекинг вели дека терапијата со оган ја надминала и кинеската и западната медицина. Еден час од таа терапија чини 35 евра.

Исцелителот става на грбот на пациентот смеса од лековити билки која ја прекрива со дебела газа. Потоа на газата става запалива течност од вода и алкохол. Потоа газата се пали и гори на грбот на пациентот. Џанг, кој лекува странски дипломати и високи кинески официјални лица, вели дека таквиот метод му овозможува на пациентот да избегне хируршка интервенција. Џинг додал дека таквиот метод се соочува со неразбирање поради стравот од изгореници и навел дека терапевтот мора да го заштити пациентот од тоа. Терапијата со оган се состои од верување дека треба да се воспостави рамнотежа помеѓу ладните и топлите елементи во човековото тело.