Процентот на работоспособно население во Кина минатата година пончал да опаѓа, прв пат по повеќе децении, во време кога таа земја забрзано старее, покажале податоците на Заводот за статистика. Земјата со најмногу жители на светот има 1,35 милијарди луѓе, не сметајќи ги Хонг Конг, Макао и Тајван. Работоспособно население, односно кинези помеѓу 15 и 64 години, минатата година имало 937 милиони, што е 3,45 милиони помалку отколку на претходниот попис.
Тоа е прв недостаток во апсолутни цифри во таа категорија после подолг временски период, соопштиле статистичарите. Тоа значи дека во Кина, која старее и има 194 милиони лоца постари од 60 години, ја чекаат големи економски и општествени тешкотии. Продолжува и егзодусот на руралното население по 2011 кога за прв пат градското население го надминало селското. бројот на луѓе во градовите оваа година нараснал за 21 милион и достигнал 712 милиони, додека по селата опаднал за 14 милиони и изнесува 642 милиони.