Додека Европа се потпира на нејзината историја и објектите од тој период, Кина гради се по иновативни и амбициозни атракции кои ќе привлекуваат туристи.


По отварањето на најголемата градба во светот, Кина го врти своето внимание кон “Pingtan Art Museum”, кој ќе биде најголемиот приватен музеј во Азиа, а ќе се наоѓа на вештачки остров во градот Пингтан.


Ако името на овој град не ви звучи познато, тоа е поради фактот што сеуште не постои. Неговата изградба е планирана за започне наскоро, а новиот музеј ќе биде главната атракција во истиот.