Фотографиите на 12 новородени панди, кои ги објавил кинескиот истражувачки центар Ченгду во провинцијата Сечуан, го обиколија светот и ги израдуваа сите љубители на животните. Станува збор за младенчиња на џиновска панда, кои биле фотографирани како заедно спијат во креветче за бебиња.


Центарот, кој се занимава со заштита на животните, посебно за најзагрозените видови, меѓу кои спаѓаат и џиновските панди, имал само шест панди кога бил основан во 1987 година, а денес ги има 106. Раѓањето на малите панди претставува значаен придонес во зачувувањето на овие симпатични животни на кои им се заканува истребување поради неконтролирано сечење на шумите. Моментално во дивина живеат само околу 1600 панди.