Шеесетгодишната Дин Куонгксиу се престрашила кога на ѕидот од својата спална соба открила змија со една нога на која имала долги нокти. Ја разбудил чуден звук на гребење. Додава дека не можела да се смири додека не ја претепала со чевелот. Необичното тело одлучила да го сочува во шише со алкохол.
Змијата долга околу половина метар моментално се наоѓа во универзитетот во Нанчанг, каде што ќе ја проучуваат научници. Стручњакот за змии Лонг Шуаи вели дека примерокот е неверојатен, меѓутоа не може да се открие причината за оваа мутација се додека не извршат обдукција на телото. Во светот на змиите досега имало мутации кога се раѓаат змии со две глави, меѓутоа немаат шанси долго да преживеат бидејќи главите се напаѓаат една со друга.