Компанијата Мек Доналдс во Шангај го отворила првиот Хамбургер универзитет во Кина на кој младите менаџери ќе учат за подобро водење на работата. Мекдоналдс има повеќе од 1100 ресторани во Кина, во кои работат околу 60 илјади луѓе. а компанијата планира во наредните три до пет години бројот на ресторани да го зголеми на 2000.
Политиката на компанијата бара на чело на рестораните да бидат менаџери обучени на некои од Хамбургер универзитетите, па одлучиле центарот за обука од Хонг Конг да го пренесат во Шангај. Се очекува овој Хамбургер универзитет, седми во светот, во наредните пет години да го посетат 5000 студенти.